Во текот на вчерашниот ден СВР Охрид со полни раце работа. Евидентираните настани за физичка пресметка, семејно насилство, казнети возачи…

На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36 и 35 годишни, двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 01.05.2024 во 22 часот, во село во општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 50 годишно лице од Скопје затоа што претходно во викенд куќа во истото село физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

На 01.05.2024 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-02, Кичево-01, Дебар-02. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, потенцира Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, додава портпаролот Димоски.

OhridNews