На 15.08.2023 околу 23.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, приведоа две лица на возраст од 59 години од Охрид и 28 години од струшкото село Велешта.
Тие, претходно во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
На 15.08.2023 во 16.30 часот на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, приведено е 52 годишно лице од Велес.
Кај него бил пронајден и одземен нож. Против него, согласно Законот за оружје, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
Ноќеска 03.25 часот во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, лице од Охрид физички нападнало 21 годишно лице исто така од Охрид, при што употребил и остар предмет. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.
OhridNews











