На 31.08.2026 во 17:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Илинденска“ во охридското село Велгошти бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над 29-годишно лице од страна на лице од истото село, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој неовластено заземал катарстарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското Езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од селото Волино, општина Дебрца 43-годишно лице од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фотонапонски панели на правно лице од Скопје. Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган. Одобренијата биле изготвени од второпријавеното лице кое било раководител на Одделение за урбанизам и јавни дејности во општина Дебрца, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews