Физички било нападнато 69 годишно лице во Охрид, информираат од СВР Охрид.

 

Синоќа во 23.30 часот,  на кеј „Македонија“ во Охрид бил  нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен од засега непознато лице врз 69 годишно лице  од Охрид, извести портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 и 36 годишно лице,  двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавените, на катастарска парцела на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, без соодветно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградиле два објекти и не го почитувале решението  за отстранување на градбата издадено од овластен градежен инспектор, информира  Димоски.

Во денешниот полициски билтен стои и дека е поднесена кривична пријава против 42 годишен Охриѓанец од страна на  ОВР Кичево за „измама“

Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда две лица од Кичево, на возраст од 48 и 37 години и им ветил дека од една странска држава, по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена, се наведува во соопштението од СВР Охрид. 

OhridNews