На 04.01.2026 година во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 02.01.2026 година во 02 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 43-годишно лице, двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава

На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишно лице од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.

При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews