На 16.08.2022 година во СВР Охрид приведено е 61 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Тој претходно, во зграда на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, физички го нападнал 51 годишното лице од селото Пашино Рувци-Кривогаштани. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.08.2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид приведени се 38 годишно лице од охридското село Велгошти и 28 годишно лице од селото Долно Лакочереј.
При преглед на автомобил „Киа Пиканто“, во кое биле двацата, извршен во близина на селото Скребатно, полициските службеници кај 38 годишното лице пронашле и одзеле ќесе со марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












