На 18.03.2026 во 20.00 часот во Полициската станица Струга, 31-годишно лице од с.Велешта, струшко, пријави дека околу 19:20 часот казино на ул.„Партизанска“ во Струга бил физички нападнат од друго лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 18.03.2026 во 16:50 часот на ул. „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 20-годишно лице од Република Албанија.
Кај него е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, додаваат.
OhridNews













