На 30.09.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, двајцата од истото село.
При тоа 47-годишното лице се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 30.09.2026 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнала нејзината мајка.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава
На 30.09.2026 во 17:00 часот на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 27-годишно лице од Кичево, 46-годишно од Струмица и 45-годишно лице од Кавадарци.
Тие го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија и агресивно се однесувале кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 62-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.
Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани. По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











