На 29.09.2026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 73-годишно лице, двајцата од Охрид.

Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.09.2026 во 20:05 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, од слобода е лишено 47-годишно лице од Охрид.

Тој претходно бил агресивен и упатил закани кон 52-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик.

При контрола извршена на 19.08.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 67 и 43-годишни лица, двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тие, делото го сториле на 06.08.2026 на ул. „15 Корпус“ во Струга, каде пресретнале 88- годишно лице од струшко село и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда и со лажно прикажување го навеле да им донесе пари. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна парична корист од околу 300.000 денари, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews