Ноќеска во 00:05 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Нико Нестор“ во Струга три лица физички нападнале 55-годишен жител на Струга.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 03.01.2025 во 15:45 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49-годишно лице од охридско затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на 51-годишен  охриѓанец.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица .(43 и 48 години) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.

Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал, соопшти портпаролот Димоски.

OhridNews