На 28.08.2026 година во 23.30 часот во СВР Охрид, приведени се 37 и 35-годишни лица, двајцата од Велес по претходна пријава дека во охридското село Пештани, со други две лица физички нападнале 22-годишно лице од Битола и 19-годишно од Прилеп.

При извршено алкотестирање, кај 37-годишното лице биле констатирани 2,44 додека кај 35-годишното 1,84 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 28.10.2026 во 18:45 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 27-годишна жена, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнала 46-годишна жена од истото село.

Таа на полициските службеници им кажала дека користела марихуана и им ја покажала заедно со една метална дробилка, кои ѝ биле одземени. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветни пријави.

На 28.10.2026 во 10:55 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 50-годишно лице од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана за управување моторно возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Црвена застава“ калибар7.65 милиметри и 25 куршуми од различен калибар, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews