На 21.11.2025 година во 13:10 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, едно лице физички нападнал 68-годишно лице, двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 21.11.2025 година во 10:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, настанал пожар во куќа во Подмоље, сопственост на 72-годишно лице од истото село.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 21.11.2025 во 16:10 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода лишија 21-годишно лице од Скопје.

Лишувањето е извршено врз основа на издадена наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „тешки кражби“. Лицето е предаден на Казнено поправната установа „Затвор-Скопје“ за издржување на затворската казна.

На 21.11.2025 во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 70-годишно лице од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 42-годишно лице од селото Лабуништа, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот, 58-годишна, од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 22.11.2025 година во 01:45 часот, во шумскиот појас кај месноста „Добра вода“, во близина на регионалниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Франгово“, приведоа 29-годишно лице од Поградец, Република Албанија.

Тој, е затекнат откако илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и остварил нелегален престој во земјава со што сторил прекршок по член 147 од Законот за странци. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2025 година во 10 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од Гостивар, 60-годишно лице од струшкото село Велешта.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews