Вчера (19.10.2021) околу 18 часот, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во с. Елшани

Во охридското село Елшани, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 25 годишно лице врз жена на возраст од 37 години и нејзиниот малолетен син, сите од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.

Тој, во текот на март оваа година, извршил продажба на патничко моторно возило „Фиат Пунто“ сопственост на Н.Ц. од Охрид, но не и извршил исплата на парите, вели Димоски.

Во полициската станица Струга 28 годишен стружанец пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга од Дебар. Како што информира Димоски, се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

 

OhridNews