Утрово  04.35 часот, во СВР Охрид се приведени три лица од Охрид на возраст од 32 – 35 години поради меѓусебна физичка пресметка пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид.

Во тепачката еден од учесниците се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент, информира СВР Охрид.

Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Ноќеска во 00.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид кај 28-годишно лице од Охрид, пронашле и одзеле нож и метален предмет.

Согласно Законот за оружје, истите се одземени и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така ноќеска, во 00.15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 30-годишен жител на струшкото село Велешта.

При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. –  се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нешто подоцна, во 02.00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода биле две лица од Струга на возраст од 38 и 39 години.

При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале како едниот пријавен на другиот му дава ќеса со кокаин. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид

На 9 јули во 22.30 часот во СВР Охрид е приведенен е 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.

При преглед извршен на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. – стои во соопштението.

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

На 09/10.07.2022 година од 22.00 до 03.00 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во Охрид.

Притоа, во два угостителски објекти после полноќ се затекнати повеќе малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе биде поднесена пријава.

На 09/10.07.2022 година од 22.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Кичево извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење., се наведува во билтенот на СВР Охрид.

OhridNews