На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело, информира СВР Охрид.
По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 08.12.2025 година во 03:35 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во патнички автомобил со струшки регистарски ознаки, сопственост на 33-годишен стружанец, паркиран во куќниот двор, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
На 08.12.2025 година во 00:30 часот, кај месноста „Млин“, на магистралниот пат Кичево- Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид лишен од слобода бил 41-годишен жител на Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање кај него утврдиле 1,56 промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило“, информиура портпаролот Димоски.
На 07.12.2025 година во 15:20 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Делогожда, две лица физички нападнале 37-годишен маж, сите од селото Делогожда.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
OhridNews












