На 01.10.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-10, Струга-11, Кичево-15,Дебар-03, информираат од СВР Охрид.

На 01.10.2023 во 09.30 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, од слобода е лишено 39 годишно лице од охридското село Велгошти.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67 годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 18.03.2023, на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ поставил коментар со недолична содржина со кој ширел говор на омраза и насилство, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews