Во текот на вчерашниот ден охриѓанец бил затекнат додека крадел од плац, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 20.01.2022 година во СВР Охрид, приведен е П.С.(35) од Охрид, кој бил затекнат при извршување кражба од плац лоциран на улицата „7 Ноември“ во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата извести и за пожар во товарно возило во движење. Во пожарот кој настанал вчера нема повредени лица.
На 20.01.2021 година во ОВР Струга е пријавено дека во 19.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, настанал пожар во товарно возило во движење, „Фолксваген Транспортер“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(21) од Лабуништа.
OhridNews












