На 25.10.2026 во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 18, 30 и 25-годишни лица, сите од Охрид.

Тие се затекнати по извршена тешка кражба во кампот, како со два мопеди, за кои немале соодветни документи, вршат транспорт на одземените предмети. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

На 25.10.2026 во 21:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од Струга.

Тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР Струга е пријавено дека во казино на улица „15 Корпус“ во Струга, лице од Република Албанија физички нападнал 50-годишно лице од струшкото село Октиси.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews