СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Охрид и 44-годишно лице од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тие, како инвеститори, на катарстарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако знаеле дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган. По контрола извршена на 17.12.2025, констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било изготвено решение за отстранување на градбата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 20.01.2026 во 00:10 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 35-годишно лице затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување.
По извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews
Фото: Илустрација












