СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи што било констатирано при извршен инспекциски надзор, информираат од СВР Охрид.
На 09.09.2026 во 21:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на плажа на струшкото крајбрежје, албански државјанин физички ја нападнал неговата 37 – годишна партнерка од Струга.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











