СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47, 22 и 25-годишни лица, сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 23.08.2026 во охридското село Пештани, пријавените физички нападнале лице, кој во раце го држел неговото малолетно дете, кое во нападот се здобило со телесни повреди. По брза интервенција на полициските службеници, напаѓачите биле пронајдени и лишени од слобода, информираат од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 02.11.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му упатувал закани, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












