Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, спречено е натамошното насипување на крајбрежниот дел на Охридското Езеро, информираат од Општина Струга.

Општина Струга ќе продолжи со соработката со надлежните институции за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро и зачувување на неговите природни вредности. Заштитата на езерото е заедничка одговорност!, порачуваат.
OhridNews














