СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18.07.2025 година на ул. „Партизански одреди“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.

На 07.10.2026 во 19:20 часот на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга лишија од слобода 45-годишно лице од Скопје.

При преглед кај него се пронајдени и одземени две пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews