СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “.

При контрола на патнички автомобил што тој го управувал, извршена во близина на кичевското село Колари како и при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашаш, велат.

СВР-Охрид поднесе кривична пријава и против 36 годишно лице од селото Лешани, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“.

Тој, на 23.01.2024 година, во близина на охридското село Вапила, е затекнат при нелегална сеча на огревни дрва од шума во приватна сопственост, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews