СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50 и 44-годишни лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.
На 19.10.2025, за време на локалните избори, двајцата се затекнати како со пари и список со лични податоци и адреси на живеење на лица со право на глас од Охрид, се движеле од куќа во куќа и на евидентирани лица со избирачко право, им нуделе и делеле парични средства со намера да придобијат односно да го извршат избирачкото право во корист на кандидатот за градоначалник на една политичка партија, информираат од СВР Охрид.
На 27.11.2025 година во 12.50 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода лишија 27-годишно лице од струшкото село Франгово во врска со кривично дело „убиство во обид“ сторено на 16.08.2025 во Струга.
Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













