На 21.07.2026 во 06:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 35-годишно лице од истото село.
На полициски службеници, кои пристигнале во неговиот дом по претходно пријавена расправија со член од неговото семејство, им била предадено пакување со бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 56, 49 и две 61-годишни лица, сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“.
Првопријавениот, 56-годишното лице, во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието. Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга ја злоупотребиле својата службена положба и спротивно на своите должности и овластувања, не поднесувале примероци од испратници во сметководство и не евидентирале сеча во износ од 127,32 кубни метри буково огревно дрво, додека четвртопријавениот, исто така, вработен во претпријатието ја злоупотребил својата службена положба и спротивно на своите должности, во една испратница внесувал два вида на договори и двајца купувачи, велат од СВР Охрид.
Со тоа, додаваат, пријавените на правното лице од селото Велешта му овозможиле до својот склад бесправно да го пренесе бесправно исеченото огревно дрво и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на ЈП „Национални шуми“ во висина од 570.569 денари.
OhridNews














