На 26.11.2026 во СВР Охрид е пријавено дека на 25.11.2026 во 20:45 часот на ул„15 Корпус“ во Охрид, едно лице физички нападнало 40-годишно лице, двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 25.11.2026 во 16:55 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На локален пат од Вевчани кон струшкото село Октиси, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












