Утрово во 05:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека, на улицата .„Партизанска“ во Охрид е пронајдено машко лице со повреда од остар предмет.
Лицето е пренесено во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет и за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 13.09.2025 во 18:01 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на сува трска во близина на езерскиот брег во месноста „Камењица“ во атарот на охридското село Пештани, како и на сува трева во атарот на селото Елшани.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местата извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 14.09.2025 година, на улица „Струшки кепенци“ во Струга нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од стружанец врз 34-годишен сограѓанин.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат кај клучката за с.Подгорци, патничко возило „фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од 42-годишно лице од Вевчани, удрило во 48-годишен жител на Неготино, кој претходно излегол од неговото возило.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неготинчанецот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот од Вевчани. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик, соопшти Димоски.
На 13.09.2025 во 20:15 часот во СВР Охрид билопријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, неколку лица физички и со употреба на метален предмет нападнале 38-годишен жител на истото село кој, пак, физички нападнал повозрасен соселанец.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.09.2025 во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улица „Коста Абраш“ во Охрид, охриѓанец физичко нападнал 66-годишен сограѓанин.
По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.09.2025 во 18:50 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта привеле две лица на возраст од 18 и 19 години од струшкото село Подгорци, зато ашто претходно агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews