На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 59-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 141 од Кривичниот законик# информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 12.08.2025 во 10:00 часот пред хотел на охридското крајбрежје, полициски службеници од СВР Охрид привеле 46-годишно лице од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал вработена во хотелот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
На 11.08.2025 во 16:52 часот во ОВР Струга е пријавено дека кај место викано „Струшко поле“ во атар на Струга настанал пожар во кој биле зафатени над 120 родни дрвја сопственост на Т.Н. од струшкото село Драслајца и над 680 родни дрвја, сопственост на жител селото Корошишта.
Во 20.00 часот на 12.08.2025, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.
Ohridnews