На 16.07.2022 година, лишено од слобода е 25 годишник од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Тој, претходно им се спротивставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели. По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат.

На 16.07.2022 година околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет повредил 34 годишно лице од Охрид.

Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Охрид,

На 15.07.2022 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на 47 годишен охриѓанец.

Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 15.07.2022 година во СВР Охрид, 27 годишно лице пријавило дека во автокампот „Градиште“ во Охрид, бил физички нападнат од, за него непознато лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

На 15.07.2022 година, во СВР Охрид, лишено од слобода е 35 годишно лице од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, бил агресивен кон член на неговото семејство, го навредувал и му се заканувал.

OhridNews