На 12.07.2022 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица на возраст од 22 години двајцата од Охрид.

Полициски службеници го забележале едното лице како од патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла ќесе со кокаин. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 12.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР лишиле од слобода 37 годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2022 во СВР Охрид приведено е 62 годишно лице од Охрид. При преглед извршен претходно на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР.

На 12.07.2022 околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема.

На 12.07.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-02, Кичево-06, Дебар-05). За сите прекршоци изречени се соодветни санкции инфомираат од СВР Охрид.

OhridNews