На Граничниот премин Mеѓународен аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, вчера, од слобода било лишено 35-годишно лице од кичевското село Србјани, бидејќи се наоѓало во евиденција на стоп листа со мерка „апси“, по наредба на Основен суд Кичево. Лицето е спроведено до КПУ„Затвор Битола“ за издржување на казна затвор.

Вчера, во 23.40 часот во СВР Охрид, 25-годишен охриѓанец пријавил дека околу 23.30 часот на ул„Св. Климент Охридски“ бил физички нападнат од друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18-ти јануари, во 18.00 часот во Полициска станица Струга, 62-годишен стружанец пријавил дека настанал пожар во куќа во негова сопственост на ул.„Ристо Крле“, при што била опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.

OhridNews