Денес, во 00.40 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во  стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, со фзички напад извршен од охриѓанец врз 27-годишен сограѓанин. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР Охрид инфомрираат за ушт еден инцидент што се случил вчера, во 19.40 часот, пред угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, кога бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање и агресивно однесување од страна на 45-годишен охриѓанец. Лицето физички нападнало и вработен во обезбедување. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews