Во билтенот на СВР Охрид пријава за нападнат малолетник, брзо возење, одземени пари од обложувалница, пронајдена дрога, кривична за телесна повреда.
На 16.01.2026 година во 18:25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“, група малолетници физички нападнале друго малолетно лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок.
На 17.01.2026 во 08:15 часот во ОВР Струга од слобода е лишено 44-годишно лице од струшкото село Мислодежда. При контрола во патниот сообраќај извршена на магистралниот пат Охрид- Подмоље, во близина на струшкото село Мислешево, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки кое тој го управувал со брзина од 101 километри на час во населено место, каде дозволена брзина е 50 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
На 16.01.2026 година во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани лица, од кои едното имало оружје, од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.01.2026 година во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Струга, на локален пат во струшкото село Долна Белица, од слобода лишија 23-годишно лице од струшкото село Радолишта. При преглед во патничко моторно возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое претходно тој го управувал, пронајдени се две опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој, на 11.12.2025 година, во домот каде престојувал, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












