Во билтенот на СВР Охрид пријава за нападнат малолетник, два случаи на семејно насилство и пожар на балкон од стан.
Ноќеска (18.11.2025) во 00:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 17.11.2025 во 22:00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, три лица физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.11.2025 во 21:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 61-годишно лице од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се одбнесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.11.2025 во 16:40 часот на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 39-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.11.2025 во 11:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на балкон од стан, сопственост на 82-годишно лице од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, инфрмираат од СВР Охрид.
OhridNews












