На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 26.05.2024 година во 01.15 часот, пред угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал 66 годишен согрѓанин.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 25/26.05.2024 година од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews