На 01.07.2022 година околу 01 часот на улицата „Спас Банџов“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од две лица врз 39 годишно лице, сите од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 01.07.2022 околу 00.00 часот во охридското село Долно Лакочереј, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода охриѓанец. Тој, пред продажен објект во селото физички нападнал  33 годишно лице од Охрид, по што, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и  по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 30.06.2022 година во 13.35 часот, 48 годишно лице од Охрид во полициска станица пријавил дека на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид бил физички нападнат од лице од охридското село Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2022 година околу 19.30 часот во деловен објект лоциран на улицата „7 Ноември“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 39 годишно лице врз 19 годишно лице, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews