Во неколку одделни случаи нарушен јавниот ред и мир во Охрид и Струга, со физичка пресметка на улицата „Партизанска“, непристојно и агресивно однесување во угостителски објект во Охрид, физичка пресметка во близина на продажен објект на регионалниот пат Струга-Дебар, физички напад врз лице од Струга.
На 24.10.2021 година околу 23 часот, во зграда на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 52 годишно и 51 годишно лице двете од Скопје, од една и 24 годишно лице од Охрид, од друга страна. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е 36 годишно лице од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.10.2021 година околу 08 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга-Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 63 годишно и 31 годишно лице, двајцата од струшкото село Велешта, од една и 32 годишно, 39 годишно и 40 годишно лице, сите од Вевчани, од друга страна. Тие се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
На 24.10.2021 година околу 09 часот, во ОВР Струга пријавен е физички напад врз 26 годишно лице од струшкото село Корошишта, извршен во нејзиниот дом од членови во семејството при семејна расправија. Таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












