Ноќеска во 00:30 часот во угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36-годишно лице од Велгошти и 27-годишен државјанин на Република Турција.
Полицијата постапила по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. Од преземените мерки, полициските службеници кај турскиот државјанин констатирале 2,03 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Синоќа во 20:45 часот, на пресекот на улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, привеле 22-годишен охриѓанец.
При извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против -годишно лице и малолетник, двајцата од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 07.10.2025 во помошна просторија во каменолом во струшкото село Долна Белица, пријавените физички и со остар предмет нападнале 60-годишно лице од истото село, вработен како чувар во каменоломот, стои во полицискиот билтен.
OhridNews