На 16.11.2025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 33-годишно лице од струшкото село Октиси.

Тој претходно околу 16:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на 21-годишна девојка од селото Делогожда, струшко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово приведоа 20-годишно лице од Република Албанија.

Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews