На 31.07.2026 во 03:20 часот на бул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20 и 18-годишни лица, двајцата  од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ноќен клуб на булеварот, а потоа и на бензинска станица физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет.

Физичкиот напад врз малолетникот во СВР Охрид бил пријавен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, а по консултации со јавен обвинител, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВр Охрид.

На 30.07.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Охрид., лице од Охрид физички нападнал 67-годишо лице исто така од Охрид.

При тоа употребил и тврд предмет. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2026 во 23:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека во ноќен клуб во комплексот Инекс,  едно лице физички нападнало 24-годишно лице од Белгија.

Се работи на расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2026 во 14:05 часот во ОВР Струга било пријавено дека на 29.07.2026 во 23:40 часот на кејот на реката Црни Дрим во Струга, едно лице со уште неколку други лица физички нападнале 33-годишно лице од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews