На 12.12.2025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид.
При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 12.12.2025 година во 16:00 часот, во селото Требеништа, Општина Дебрца, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода лишија 20 и 24 годиши лица, двајцата од Охрид.
Претходно, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со охридски регистарски ознаки управувано од лице од Охрид во кое приведените биле сопатници. Откако возачот ги забележал полициските службеници, ја зголемил брзината на движење во насока кон полициските службеници и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки, 20 и 24 годишните лица биле затекнати во село Требеништа, каде и беа лишени од слобода. По извесно време, со возило „фолксваген туран“ пристигнал и возачот и повторно со голема брзина го насочил возилото кон полициските службеници по што, избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот по што, поради сомнение за сторени кривични дела по член 215 и 383 од Кривичниот законик, против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави.
На 12.12.2025 година во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, лице од Охрид, при извршување работи во куќен двор во охридското село Речица, пронашол рачна бомба.
Од извршениот увид во присуство на овластено лице-пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било констатирано дека се работело за експлозивна направа рачна Бомба М75 по што, истата е безбедно подигната за натамошна постапка.
На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода лишија четири лица на возраст од 52, 49, 49 и 20 години, сите од Корча, Република Албанија.
Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот. По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












