Викендов на подрачјето на СВР Охрид при сообраќајни контроли во патниот сообраќај затекнати биле возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол: Охрид-05, Струга-01, Кичево-03, Дебар-03.

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 26.07.2025 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено било дека охриѓанец во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, посочи Димоски.

Ноќеска во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле20-годишно лице од Кочани, затоа што претходно на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во Охрид физички нападнал 58-годишен жител на Охрид.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот.

Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга привеле 31-годижен државјанин на Република Албанија затоа што претходно на кеј „Борис Кидрич“ во Струга физички нападнал 22-годишно лице од струшкото село Велешта.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews