На 31.01.2026 година во 23:20 часот во СВР Охрид лишен од слобода бил 49-годишен жител на Охрид.

Претходно тој бил пријавен дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, со дрвен предмет нападнал 40-годишен охриѓанец, по што извадил нож и замавнал кон нападнатиот. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ноќеска во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е бил 21-годишен охриѓанец.

Тој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

При преглед во патнички автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот како му овозможил користење марихуана на охриѓанец, по што беше лишен од слобода, инсформира портпаролот Димоски.

OhridNews