На 29.10.2026 во 23:50 часот во СВР Охрид, 49-годишно лице од Охрид пријавил дека во двор од неговата куќа во Охрид, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 29.10.2026 во 13:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека околу 13:00 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, едно лице агресивно се однесувало кон 37-годишно лице од Струга.

Потоа го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за  расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews