На 10.01.2026 во 04:15 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 27-годишно лице од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против 61 и 62-годишни лица од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 и „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по чл.389 од КЗ.
На 12.03.2021 год. од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и второ пријавениот, при што на лице место констатирана била градба станбен објект во градба од втора категорија, односно се градело без правосилно Одобрение за градба. На 19.03.2021 од страна на овластен градежен инспектор на градилиштето била поставена службена лента за затворање на градилиштето, со службена табела со податоци од предметот за бесправна градба. На 30.03.2021 бил извршен повторен контролен инспекциски надзор, при што било констатирано дека градежните активности не биле продолжени, но констатирано било дека службената лента за затворање на градилиштето, заедно со службената табела со податоци од предметот за бесправна градба биле незаконски отстранети од градилиштето.
СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од Охрид и 43-годишно лице од Радовиш поради сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 од КЗ.
На 17.12.2025 од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и второ пријавениот, при што на лице место констатирана била градба приземен објект која што спаѓала во градба од втора категорија, односно се градело без правосилно Одобрение за градба. Врз основа на констатираната состојба било изготвено Решение за отстранување на градбата, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












