Синоќа, половина час пред полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, 29-годишен охриѓанец, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. При преземање мерки и вршење увид било констатирано дека истиот го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга извршиле контроли на патот помеѓу струшките села Татеши и Мислодежда, при што пронајдоа неколку стебла од растението „Канабис сатива“ во висина од околу еден метар.
Стеблата се подигнати за натамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2026 во 20:45 часот во ОВР Струга било пријавено дека во струшкото село Лабуништа, едно лице физички нападнал тројца соселани.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












