На 12.08.2026 во 01:17 часот на бул.„Македонски Просветители“ во Охрид, пред влезот на СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 41-годишна жена од Охрид.
Таа со патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки се обидела да влезе во кругот на СВР Охрид, по што со врата од возилото удрила полициска службеничка, а потоа и физички ја нападнала и се однесувала агресивно и се заканувала на други полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Охрид.
Посочуваат дека жената била задржана во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.08.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, 63-годишна жена од Охрид пријавила дека пред неколку дена, нејзината 12-годишна внука била допирана по телото од 17-годишник од Битола, со привремен престој во Охрид, која го познавала.
Полициски службеници од СВР Охрид, во присуство на претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид извршиле службен разговор со малолетникот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.08.2026 во 22:00 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 31-годишно лице од Прилеп.
Кај него била пронајдена марихуана и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43-годишно лице од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во Охрид, каде што престојувале, физички ја нападнал неговата 50-годишна вонбрачна сопруга од Битола, а притоа ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













