СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394 од Кривичниот законик.
Тој, на 29.10.2025 година, на социјалните мрежи поставил текст со расистички и ксенофобичен материјал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 20.11.2025 во 16:50 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во угостителски објект во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од струшкото село Велешта врз 42-годишно лице од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.
На 20.11.2025 во 23:20 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, приведен бил 29-годишен на тетовското село Јеловјане.
Тој го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews













