На локалниот пат с.Волино – с.Ливада, општина Дебрца, вчера околу 18 часот, 55-годишен охриѓанец управувајќи четирицикл „поларис“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти МВР.

Ноќеска, десет минути по полноќ, во ОВР Струга од слобода бил лишен 17-годишен малолетник од струшкото село Ташмаруништа.

Тој, по претходна расправија, со нож прободел 24-годишен жител на Вевчани на улицата „15 корпус“ во Струга. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира МВР.

OhridNews
Фото: Илустрација „Freepik“